ВИДЕО: Кој е „Г-дин Марлборо”, едноокиот криумчар кој стои зад крвавите киднапирања во Алжир

Од:

Човекот кој стои зад киднапирањето на заложниците во гасната постројка во Алжир веќе долго време е мета на антитерористичките единици на Западот. Станува збор за алжирецот Мохтар Белмохтар, џихадист со долг стаж во борбата за исламистичките цели, кој го загубил окото во борбите во Авганистан уште како тинејџер, и кој богатството го стекнал со криучарење на се и сешто, од цигари до луѓе. Така го добил и прекарот – Господин Марлборо.

Денес, тој е лидер на исламистичката група Ал Мулатамин (Бригада на маскирани), која е поврзана со Ал Каеда во исламскиот Магреб. Во текот на последните неколку години, тој разви мрежа на сојузници и терористички ќелии ширум Блискиот Исток. Претставник на групата Ал Мулатамин рече дека киднапирањето на вработените во Бритиш Петролеум во гасната постројка во Алжир, е одмазда поради француската акција во Мали, но експерти за тероризам веруваат дека планот постоел долго пред акцијата што ја покрена официјален Париз.

Канадскиот дипломат Роберт Фаулер, кој беше киднапиран поддржувачите на Белмохтар во 2008. година и кој лично се запозна со “Г-дин Марлборо”, вели дека позади нападот сигурно стојат сериозни подготовки.

– Верувам дека тие имаат обавестувачко крило кое постојано бара начини да зграпчи луѓе од запад и да го посрамоти Западот. И тоа е токму она што сега го прават – вели Фаулер.

alzir (2)

Мохтар Белмохтар минатиот месец објави видео снимка во која најавува формирање единица на командоси, наречена со филмско име “Оние кои се потпишуваат со крв”, во која би биле “нашите најдобри и најмлади муџахедини, странци и локални борци.”

Белмохтар е роден 1972. а израснал на работ на пустината во јужен Алжир.
Отпатувал во Авганистан за прв пат уште како тинејџер 1991. година, за да се бори против тогашниот комунистички режим во оваа земја.

alzir (2)

Од таму се вратил како искусен борец со нов прекар – “Belaouar” (еднооки), бидејќи во битките го изгуби едното око. Веднаш по доаѓањето дома, се приклучи на Вооружената исламска група (ГИА) во брутална борба против владата во Алжир.
Според некои информации, во Судан во текот на 1990-тите го запознал и лидерот на ал-Каида, Осама Бин Ладен.

alzir (2)

Со текот на годините, трпеливо ја градел својата “кариера” во исламистичките кругови на северна Африка, за на крајот да стане неприкосновен господар на Сахара.
Тоа му донесе и конфликти со другите исламисти од регионот, како што е организацијата ГСПЦ.
За да заработи пари неопходни за големи воени и терористички активности, Белмохтар се даде во озбилно криумчарење.

alzir (2)

– Белмохтар со текот на годините се повеќе и повеќе криумчарел, поради што го доби и популарниот прекар “Г-дин Марлборо”. Учествувал и во илегална трговија со дрога, оружје и илегални имигранти – изјави Жан-Пјер Фили, француски експерт за исламизам во суб-сахарска Африка.

Аналитичарите велат дека другите исламисти во регионот, воопшто не се воодушевени од крвавата авантурата на Белмахтар со заложниците.

– На него се гледа како на потенцијално опасен осамен револвераш – наведува извор на CNN.
– последната работа што лидерите на исламистите во регионот сакаат е да се разбеснат САД токму во времето кога се обидуваат да ја повратат силата и да се притаат, под радарот на Американците. По најновите киднапирања во гасната постројка, таа стратегија е скршена на парчиња – вели CNN.

Би можело да ве интересира

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он

Алжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет за шумските пожари