(ВИДЕО) Јункер со мал перформанс се подбиваше со танцувањето на Тереза Меј

Од:

Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер во говорот во Европскиот комитет на региони повика на „спречување на маршот кон не – Европа чија се глупите националисти“.

https://twitter.com/BBCPolitics/status/1049339447819550720?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049339447819550720&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2018%26mm%3D10%26dd%3D08%26nav_category%3D78%26nav_id%3D1453487

-Мораме да кажеме „не“ на сите популистички движења. Правам разлика помеѓу евроскептците кои имаат свои барања и ограничените популисти и глупи националисти. Тие не се едно исто. Мораме да го спречиме овој марш кон не – Европа, чија инспирација се глупите популисти и ограничените националисти, рече Јункер во говорот на отворањето на Европската недела на градовите и регионите.

Јункер излегувајќи на бината направи неколку чекори на звукот на клавирот, слично како што тоа го направи и британската премиерка Тереза Меј при доаѓањето на конгресот на нејзината Конзервативна партија на звуците на песна од „Аба“.

Ројтерс наведува дека Јункер со овој мал перформанс предизвикал смеење во салата.

Неговиот портпарол кажа дека импровизираниот танц не бил насочен против никого како и тоа дека има голема почит кон Тереза Меј. Британските медиуми оваа го видоа како подбивање со нивната премиерка.

Би можело да ве интересира

Јункер: ЕУ и Британија се во „глупава војна“ околу вакцините

Жарко Настоски

Јункер: Не се согласувам со многу негови одлуки, но го почитувам Трамп

Ана Ололовска

Јункер на итна операција

Јункер на пијано ја отсвири „Ода на радоста“

Татјана Ташкова

Лидерите од ЕУ одлучуваат за наследник на Јункер

Ана Ололовска

Меркел: Ја почитувам одлуката на Меј

Ана Ололовска