Лидерите од ЕУ одлучуваат за наследник на Јункер

Од:

Лидерите на Европската унија се собираат денеска и утре на средба во Брисел на која ќе се одлучува за наследникот на Жан Клод Јункер како претседател на Европската комисија. На средбата ќе се расправа и за тоа кој ќе ја предводи Европската централна банка и Европскиот совет.

Во поканата кон европските лидери претседателот на ЕС, Доналд Туск вели дека е „внимателен оптимист“ за постигнување согласност за распределбата на топ позициите.

Одлуката треба да биде донесена пред првата седница на новоизбраниот Европски паралмент што е закажана за почетокот на јули и на која европратениците ќе избираат свој претседател. Ако лидерите не успеат да се договорат денеска, ќе треба одново средба во Брисел во крајот на овој месец. Туск веќе три недели води разговори со политичките групи во Европарламентот и со различни европски лидери.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески