Јункер на пијано ја отсвири „Ода на радоста“

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на маргините на Самитот на Г-20, што се одржува во јапонскиот град Осака, на пијано ја отсвири Химната на ЕУ – „Одата на радоста“.

Фотографија од изведбата на Јункер на Твитер објави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас со коментар: „Одата на радоста на мултилатерализмот“

– Ние веруваме во трговијата, бидејќи таа од полза за нас и за другите. 36 милиони работни места во ЕУ се поддржани од извозот, а речиси 700.000 мали бизниси имаат корист од меѓународната трговија, напиша Схинас под фотографијата.

Официјалната химна на ЕУ е дело на германскиот поет Фридрих Шилер, кое композиторот Лудвиг ван Бетовен го искористил како композиција во неговата Деветта симфонија.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина