ВИДЕО: Водачот на штрајкот со глад на палестинските затвореници скришно јаде во својата ќелија

Од:

Израелската затворска служба емитуваше видео материјал од девет минути, на кој се гледа како лидерот на тринеделниот штрајк со глад на палестинските затвореници, Марван Баргути, тајно јаде во својата затворска ќелија.

На прикажаната снимка може да се види како Баргути, снимен еднаш на 27 април, а вториот пат на 5 мај, јаде, првиот пат, колачиња, а вторит пат, закуска.

Во соопштението со прикажаниот снимен материјал не се наведува како Палестинецот доаѓа до храната, но израелскиот весник „Хаарец“ повикувајќи се на извори во затворкста служба, тврди дека храната му била приготвена и дотурена.

Повеќе од 890 палестински затвореници одбиваат да примаат храна од 17 април, протестирајќи против условите во затворите.

Тие бараат подобри медицински услуги, почести средби со нивните најблиски и запирање со практиката да се чуваат в затвор без судење.

Марван Баргути (57) е осуден за пет кривични дела во врска со убиство на судски процес во 2004 година, откако беше уапсен во текот на втората палестинска интифада.

Тој е поранешен висок функционер на движењето Ал Фатах на Западниот Брег и екс лидер на вооруженото крило Танзим на движењето. Едно време Баргути важеше за можен наследник на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Неговата сопруга ги отфрла тврдењата на израеските затворски власти, сметајќи дека прикажаниот видео материјал е „лажен и монтиран“, но израелскиот министер за внатрешни работи Гилад Ердан го нарече Баргути „обичен политички манипулатор“.

– Тој е само убиец кој ги тера затворениците да штрајкуваат со глад, додека самиот скришно зема храна и јаде во својата ќелија, изјави Ердан.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Бени Ганц, член на воениот кабинет на Нетанјаху, најави оставка

A1on

Во Израел се одржаа демонстрации за ослободување на заложниците, уапсени 33 лица во Тел Авив