(ВИДЕО) Израелците објавија видео, Синвар ги носи работите низ подземен тунел

Од:

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) објавија ново видео за кое тврдат дека го прикажува лидерот на Хамас Јахја Синвар во подземни тунели само неколку часа пред масакрот на 7 октомври минатата година.


Израелците тврдат дека на снимката се гледа Синвар и членовите на неговото семејство и дека тие носат телевизори и други работи низ тунелите каде што би останале скриени и од каде може да набљудуваат што се случува надвор. Тие тврдат дека тоа е доказ дека Синвар го планирал нападот.

Портпаролот на ИДФ, адмирал Даниел Хагари, изјави дека Синвар цела ноќ се криел со семејството во тунелите под Кан Јунис во центарот на Газа, додавајќи дека Синвар со години го планирал нападот врз Израел на 7 октомври минатата година. Тој исто така рече дека на снимката на која наводно се гледа Синвар и неговото семејство како се движат во еден од подземните тунели на Хамас само неколку часа пред смртоносниот напад минатата година, се гледа како семејството носи телевизор и друга опрема со себе.

„Ова е луксуз што жителите на Газа го немаа, бидејќи Синвар секогаш се ставаше себеси, своите пари и терористите на Хамас пред народот на Газа“, рече Хагари.

ИДФ објави слично видео во февруари, за кое тврдеше дека го прикажува Синвар како шета низ тунел со своето семејство по нападот на 7 октомври.

Хамас ја обвини ИДФ за ширење „безобразни лаги“ и ги отфрли коментарите на Хагари како „очајнички обид да се спаси лицето за поразената армија. Тие додадоа дека Синвар бил убиен во акција откако ја поминал изминатата година на различни фронтови во Газа, предводејќи го отпорот на нивниот храбар народ.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски