(ВИДЕО) Инцидент покрај ковчегот на кралицата Елизабета: За време на пренос во живо, кралски стражар се онесвести

Од:

Британците се редат за да и оддадат почит на покојната кралица Елизабета Втора, а Би-Би-Си ја пренесува церемонијата во живо, а нејзиниот ковчег го чуваат кралските гардисти.

Но, синоќа се случи помал инцидент, кога еден од кралските гардисти кои го чуваа ковчегот на кралицата се онесвести.

Снимката на Би-би-си споделена на Твитер покажува како униформиран стражар ненадејно паѓа и ја удира главата на подот додека стои во близина на ковчегот.

Од видеото се гледа дека тоа се случило пред свеченото менување на стражата.

Додека смената се подготвува и започнува, еден чувар изгледа нема повеќе сила, па тој само колабира: двајца полицајци потоа притрчуваат до него и се обидуваат да го подигнат, што им успева. Во тој момент беше прекинат преносот на Би-Би-Си од местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он