ВИДЕО: Гостин во ресторан уби разбојник во Тексас, разбојникот имал пластичен пиштол

Од:

Полицијата во Тексас започна голема потера по гостин во ресторанот во Хјустон кој уби разбојник, а потоа им помогна на другите ограбени гости да си ги соберат парите. Инцидентот е снимен од надзорните камери во ресторанот Ранчито #4 Такерија во југозападниот дел на Хјустон, а на видеото се гледа како маж извади пиштол и почнува да пука во разбојникот.

Полицијата подоцна открила дека разбојникот влегол во ресторанот со пластичен пиштол. Полицијата преку соопштение за медиумите наведува дека не поднела пријава против човекот кој го убил разбојникот, но нагласуваат дека сакаат да разговараат со него за „неговата улога во пукањето“, пишува Гардијан.

Поручникот Вилкенс рече дека осомничениот за грабеж имал 20-ти години и носел црна ски-маска и црни ракавици за време на грабежот.

Откако влегол во ресторанот, разбојникот вперил оружје кон гостите и им ги побарал паричниците и парите. На видеото се гледа како еден од гостите посегнува по нешто, а потоа вади оружје додека осомничениот оди кон излезот.

Гостинот испукал најмалку девет куршуми кон разбојникот и го напуштил местото пред да пристигне полицијата. Педро Лопез, сопственикот на ресторанот, тврди дека тој и неговите вработени се уште се во шок.

Останатите гости на ресторанот исто така го напуштиле местото пред да пристигне полицијата.

Законот во Тексас дозволува некој да се брани ако верува дека неговиот живот е во опасност, иако границата помеѓу самоодбрана и употребата на непотребна сила може да биде прилично нејасна.

Би можело да ве интересира

Силно торнадо носеше се пред себе: Објавена застрашувачка снимка

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Големиот пожар во Тексас ја зема првата жртва

(ВИДЕО) Огромен конвој камиони оди кон Тексас, Трамп се обидува да го заглави договорот за мигрантите

Катерина Ѓуровски

Тексас го предупреди Бајден: Најголемата грешка што можеш да ја направиш е да се судриш со нашата армија“

(ВИДЕО) Тексас му се закани на Бајден: Ако доведе трупи ќе одговориме со сила