(ВИДЕО) Големи експлозии на гас во Романија, eдно лице загина, 33 се повредени

Од:

Едно лице загина, а 33 се повредени денеска во две експлозии на бензински пумпи во романскиот град Креведија кај Букурешт. По првата експлозија, пожарот зафатил две цистерни и една блиска куќа, поради што е извршена евакуација во пречник од 300 метри и блокиран е патниот сообраќај, соопшти агенцијата за вонредни ситуации.

Пожарот е изгаснат со употреба на 25 апарати, а четири лица се интубирани бидејќи се здобиле со тешки изгореници, соопшти Министерството за здравство.

Втора експлозија се случила на бензинска пумпа во саботата вечер и повредила 26 пожарникари, објави заменик министерот за внатрешни работи Раед Арафат.

-Пожарот се уште не е изгаснат, а можни се и други експлозии бидејќи опасноста е во третиот резервоар – рече Арафат.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија