ВИДЕО: Ерменци од Нагорно Карабах си ги палат куќите за да не ги остават на непријателот

Од:

Снимки од населби во Нагорно Карабах кои според мировниот договор треба да потпаднат под азербејџанска управа, се појавија на интернет, а на нив се гледа како горат куќите на досегашните жители, Ерменци, кои ги напуштаат деловите кои практично ги освои Азербејџан.

Една таква снимка е од селото Карчавар, од каде ерменската власт и управа мораат да се повлечат, откако Азербејџан со воена сила издејствува поволна позиција на преговарачката маса.

Според ерменскиот новинар Шаке Газарјан, кој е во Нагорно Карабах, луѓето се селат со коњи, земајќи се што е вредно со себе и палејќи ги сопствените куќи и имоти, кои отсега ќе бидат во за нив непријателски раце.

Новинарот вели и дека луѓето стоеле покрај куќите, кои со години ги граделе со свои раце, и чекале тие целосно да изгорат, за да се не се случи да останат цели доколку пожарот да се изгасне.

Неколкунеделниот отворен воен конфликт што кој изби околу спорната област, која му припаѓа на Азербејџан, но со децении фукционира како одвоена држава населена речиси комплетно со Ерменци, заврши на почетокот на неделава, со примирје потпишано со посредство на Русија.

Договорот во Ерменија беше примен како капитулација, а граѓаните се кренаа на масовни протести, барајќи оставка од премиерот Никол Пашинјан.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска