ВИДЕО: Нов протест во Ереван, гневните Ерменци бараат одговорност за капитулацијата

Од:

Илјадници Ерменци и вечерва се на улиците на главниот град Ереван, а кризата во земјата, која започна со отворениот воен судир против Азербејџан околу спорната област Нагорно Карабах, а продолжи со потпишување мировен договор кој во јавноста беше прогласен за капитулација, не изгледа како да завршува.

Демонстрантите скандираат „Никол, предавник“, барајќи од премиерот Никол Пашинјан да поднесе оставка. Тие бараат одговорност за потпишувањето на договорот со посредство на Русија и Турција, кој е широко толкуван како победа за Азербејџан во неколкунеделната војна која однесе над илјада човечки животи.

Под притисок од домашната јавност и од тешката позиција во која се наоѓа неговата влада, ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека постигнатиот договор „не е конечно решение на конфликтот“, и дека тој само ја запрел војната, но суштински не го решава долготрајниот спор околу Нагорно Карабах, област во Азербејџан населена со Ерменци.

Аналитичарите предупредуваат на можноста од ескалација на судирите во Ереван и дури и на опасноста од граѓанска војна во поранешната советска република.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви