Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Од:

Ерменија објави дека официјално побарала од Русија да ги повлече своите граничари од аеродромот во Ереван.

„Ерменија има јасен став за ова прашање и ја извести Русија со официјално писмо“, изјави за новинарите секретарот на ерменскиот совет за безбедност, Армен Григорјан.

Според договорот од 1992 година потпишан со Ерменија, Русија има неколку граничари на локации низ јужнокавкаската земја, вклучително и на аеродромот Звартнотс во Ереван.

Иако Москва историски беше близок сојузник на Ерменија, односите меѓу двете земји се влошија минатата година откако руските мировници не успеаја да интервенираат кога Азербејџан ја презеде контролата врз спорниот регион Нагорно-Карабах.

Премиерот на Ерменија Никола Пашинјан го потпиша документот со кој Нагорно Карабах престанува да постои, а територијата му ја предаде на Азербејџан. По поразот ја обвини Русија.

Никола Пашинјан дојде на власт во Ерменија по обоената револуција, поддржан од Западот.

Би можело да ве интересира

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска

Ново пукање на границата на Ерменија и Азербејџан, најмалку тројца војници се ранети

Ана Ололовска