(ВИДЕО) Азискиот „Ел Чапо“ е екстрадиран во Австралија

Од:

Најбараниот азиски наркоман Кинг Це Чи Лоп (59) е екстрадиран во Австралија каде му се заканува доживотна казна затвор. Це, познат како „Ел Чапо од Азија“, е обвинет дека водел трговија со дрога од повеќе милијарди долари во неколку земји, од Јапонија до Нов Зеланд, пишува Би-Би-Си.

Се верува дека тој е на чело на организација која доминира на азискиот нелегален пазар на дрога, вреден 70 милијарди долари.

Бандата на азискиот нарко бос шверцувала огромни количества метамфетамин, хероин и кетамин во Австралија во чајџилници. Обвиненијата на Австралија против Це се однесуваат на операциите од 2012 до 2013 година кога во земјата бил увезен метамфетамин во вредност од 4,4 милиони австралиски долари, што е еквивалентно на 2,98 милиони американски долари.

Полицијата пронашла над четири милиони австралиски долари во готовина, 99 дизајнерски чанти и жолто Ламборџини во домот на Це во Мелбурн. Австралиската полиција го лови повеќе од една деценија. Се вели дека повеќето од неговата дрога завршила во Сиднеј и Мелбурн.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов