Членовите на движењето против вакцини се обидоа насилно да влезат во телевизискиот центар на Би-Би-Си во Вајт Сити во западниот дел на Лондон.
Видеото објавено на социјалните мрежи покажува како демонстранти се обидуваат да влезат во зградата на британскиот јавен сервис, во присуство на голем број полицајци, пренесува Индипендент.
Со извици и свирежи, членовите на движењето против вакцинирање, се обидоа насилно да влезат во зградата на британскиот јавен сервис. Според Индипендент, полицијата ги спречила во тоа.
Official Voice protesters against vaccine passports and vaccination of children try storming the BBC studios at white city pic.twitter.com/AWN4ZrGHMb
— Willow (@Willow__Bella) August 9, 2021
Портпаролот на полицијата изјави дека група демонстранти се собрале во Вајт Сити.
„Никој не е уапсен, но полицајци се присутни и ќе продолжат да ја следат ситуацијата“, изјави портпаролот на полицијата.
Créditos: @Willow__Bella pic.twitter.com/p0i8X3ZvT0
— Noticias Digital ? (@NotiDigitalAr) August 9, 2021
Портпаролот на Би -Би -Си изјави дека медиумската корпорација не коментира безбедносни прашања.
Chants of "No Vax Passports" as protesters march passed Marble Arch in central London. pic.twitter.com/QdhGDoD4Wu
— Willow (@Willow__Bella) August 9, 2021
Надвор од студијата на британскиот јавен сервис, се слушнаа извици „Срам да ви е“, а еден од демонстрантите ја обвини телевизијата дека не ги дава вистинските информации.
Коментарите објавени на социјалните мрежи наведуваат дека собраните во Вајт Сити протестирале против вакциналните пасоши и имунизација на децата.