Пол Розолу смисли необичен експеримент-сакаше да го проголта анаконда и за таа намена создаде посебен костим што требаше да му овозможи да остане жив во утробата на змијата.
Се обиде и успеа, а неговото искуство ќе биде прикажано во ТВ емисијата „Жив изеден (Eaten Alive) на Дискавери каналот (Discovery Channel).
Најавата на ова шоу не помина без бурни реакции, а тие што се противат сметаат дека станува збор за „најголемото можно злоставување на животните“.
-Ме фати за главата и последното на кое се сеќавам беше нејзината широко отворена уста. Се стана темно. Знам само дека мислев постојано – јади ме, јади ме, раскажува Розолу по експриментот.
Се траело нешто повеќе од еден час. Што се случувало понатаму не сака да открива додека документарецот не би де емитуван на телевизијата.