Верската нетрпеливост во Мјанмар се префрли и на Фејсбук

Од:

Во градот Мандалај, втор по големина во Мјанмар, одново растат тензиите меѓу припадниците на будистичкото и муслиманското население, кои што минатата недела прераснаа во судирина меѓу двете групации, при што имаше две жртви и седуммина повредени.

По прилично жестоката интервенција на полицијата спротивставените страни се повлекоа од улиците, а верската нетрпеливост почна да се шири на Фејсбук. Според соопштение на полицијата, двете групи преку Фејсбук повторно се подготвуваат за пресметка, па затоа специјалните полициски сили во деновите на викендот ќе бидат зајакнати со полицајци од Јангун.

Најавено е дека полицијата е подготвена да не дозволи блиски средби меѓу спротивставените религиозни групи. Последните судири во Мајнмар избувнаа по веста дека, двајца муслимани во продавница за чај во Мандалај силувале припадничка на будистичката заедница. Во верски судири од јули 2012 година во Мандалај загинале 250 луѓе од двете заедници.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар