Верховстад: Британците и по Брегзит треба да задржат некои бенефиции од ЕУ

Од:

Членот на преговарачкиот тим на ЕУ за Брегзит, Ги Верховстад денеска изјави дека на Британците би требало да им се остават некои од бенифициите од досегашното членство во Унијата и по повлекувањето на Велика Британија од блокот.

Во интервју за радио Би-Би-Си, Верховстад се заложил британските државјани и по Брегзит да иматт право на слободно патување низ земјите на ЕУ, како и да гласаат на европските избори.

Овој поранешен белгиски премиер ја оквалификува одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ како „трагедија и катастрофа“ за Британците, но и за Унијата, признавајќи дека тоа покажува оти „заедницата е во криза“.

Верховстад, кој ја предводи групата на Алијансата на европските либерали и демократи (АЛДЕ) во Европскиот парламент, смета дека Европарламентот има право да стави вето на договорот што ќе го постигнат во преговорите Лондон и Брисел, доколку европратениците проценат дека тој не е поволен за ЕУ.

Според Верховстад, како приоритетно прашање на самиот старт од преговорите треба да се постави статусот на европските државјани кои живеат во Велика Британија и на Британците во земјите од ЕУ.

– Оваа работа треба да биде приоритетна и не смее да биде дел од политички игри, како што тоа се случува во изминатите месеци, изјави Веховстад за Би-Би-Си.

Поранешниот белгиски премиер открива дека примил повеќе од илјада писма од британски државјани кои му порачуваат дека без разлика што нивната земја нема да биде повеќе членка на Унијата, тие не скаат да ги загубат врските со „европската цивилизација“.

Преговорите за Брегзит се очекува да почнат до крајот на овој месец, откако британската премиерка Тереза Меј ќе го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба, кој го регулира напуштањето на ЕУ.

Преговорите би требало да траат две години, по што Парламентот во Лондон ќе треба да гласа за постогнатиот договор за Брегзит, но Меј веќе им порача на пратениците дека без разлика какво ќе биде нивното решение, Велика Британија ќе ја напушти Унијата.

Меј вчера присуствуваше на последниот Самит на ЕУ пред да почне постапката за излез на Велика Британија од Унијата.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија