Венецуела му понуди азил на Сноуден

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро понуди азил на поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, во момент кога Вашингтон бара негово апсење заради откривање детали за тајна американска програма за шпионирање.

– Во име на достоинството на Јужна Америка, одлучив на Едвард Сноуден да му понудам хуманитарен азил, изјави Мадуро синоќа за време на воена парада по повод Денот на независноста на Венецуела.

Сноуден најверојатно е се уште во транзитното одделение на московскиот аеродром Шереметјево од каде досега побара азил во повеќе од 20 држави меѓу кои и Венецуела.

Засега не се знае неговиот одговор ниту како би дошол до Венецуела доколку ја прифати понудата. Не постојат директни летови од Москва до Каракас, а вообичаено е патниците на таа линија да преземат лет во Хавана. Не е познато и дали кубанските власти би му дале на Сноуден одобрение за премин преку нивна територија.

Претседателот на Никарагва Даниел Ортега исто така синоќа изјави дека од Сноуден примил барање за азил и дека би можел „да го прифати ако околностите го дозволат тоа“.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател