Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Од:

Венецуелски суд нареди апсење на тројца членови на новото раководство на паралелниот опозициски парламент, меѓу кои и неговата претседателка Динора Фигуера, која живее во Шпанија.

Кривичниот суд во Каракас издаде налог за апсење на Фигуера, која го замени Хуан Гваидо како претседател на собранието, кое САД и десетици други земји го признаваат како последна демократски избрана институција во Венецуела.

Членовите на тој паралелен парламент, избрани во 2015 година, не ги признаваат парламентарните избори во 2020 година, на кои победија сојузниците на претседателот Николас Мадуро.

Судот нареди и апсење на првиот и вториот потпретседател на парламентот, Маријанела Фернандез и Ауристела Васкез, кои живеат во САД.

Тие се товарат за „узурпација на службена должност, велепредавство, злосторничко здружување и перење пари, поради учество во нерегуларни дејствија поврзани со фиктивно назначување раководство на нелегитимно собрание“, се вели во судското соопштение.

Како одговор, паралелното собрание ја повика „Националната демократска заедница и демократските влади во светот да го кренат својот глас против режимот на Николас Мадуро“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски

Најмалку 22 лица загинаа, а 52 се исчезнати во свлечиште во Венецуела

Ана Ололовска