Велосипедист го нападна Јоханес Хан и му се закани со шлаканица

Од:

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан имаше непријатно искуство во Виена кога велосипедист налета на него, а потоа му се закани дека ќе му удри шлаканица.

Според пишувањето на виенски „Курир“ велосипедистот му се заканил дека ќе му удри шлаканица по кавгата што настанала додека се шетал со партнерката Сузана Рис Пасер во центарот на градот.

Инцидентот се случил кога велосипедистот влетал со голема брзина во групата пешаци меѓу кои бил и Хан со партнерката.

Хан кажа дека велосипедистот возел со брзина од најмалку 50 километри на час, а бидејќи го турнал, европскиот комесар му рекол дека не може така да се однесува и да вози тука велосипед.

Тогаш ескалирала ситуацијата, а велосипедистот се вратил и му се заканил на Хан со зборовите: Ќе добиеш шлаканица, и тоа веднаш“.

Очевидците велат дека Хан и велосипедистот си размениле навреди, а некои тврдат дека имало и кошкање.

Наводно во сето тоа учествувала и партнерката на Хан.

Европскиот комесар тврди дека од нападот на велосипедистот се одбранил со раката. Партнерката на Хан пак кажа дека целиот инцидент траел само две минути, и сето доспеало во медиумите за да му се наштети на европскиот комесар да се кандидира за уште мандат на функцијата.

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Се ожени еврокомесарот Јоханес Хан

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Хан: Западен Балкан и припаѓа на Европа

Ландов

Хан најавува буџет на ЕУ со посилна моќ

А1он

Хан: Ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Ана Ололовска