Велика Британија одлучи да ја остави Huawei да продолжи да биде користена со нејзината 5Г мрежа, но под одредени рестрикции, покрај притисокот од САД да биде блокирана фирмата.
„Huawei е самоуверена од потврдата на владата на Велика Британија дека може да продолжи со работа, на тој начин ќе ја задржиме можноста за продолжување на 5Г технологијата“, рече главниот и одговорен директор на фирмата во В.Британија, Виктор Јанг.
„Тоа и дава на Велика Британија пристап до водечката светска технологија и го обезбедува светскиот конкурентен пазар“.
Премиерот Борис Џонсон се соочи со притисок од САД и неколку конзервативни пратеници со цел тој да го блокира кинескиот технолошки гигант врз основа на национална безбедност.
Но Пекинг ја предупреди Британија дека може земјата да има значитени реперкусии врз другите економски гранки како трговијата, но и во инвестициите доколку компанијата биде забранета.
Одлуката е опишана како најголем тест на стратегија на премиерот Борис по Брегзитот.