Во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5G мрежата

Од:

Според владини податоци, во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5G мрежата, технологија дизајнирана да внесе револуција во мобилниот интернет.

5G Интернетот, чија брзина е 100 пати поголема од 4G, овозможува пренос на големи количини на податоци за многу кратко време.

Кина, која беше една од првите земји што официјално лансираше 5G во 2019 година, е пионер на ова поле благодарение на технолошкиот напредок на нејзиниот лидер Huawei.

Повеќето од паметните телефони што се продаваат во земјата каде што локалните брендови доминираат на пазарот се компатибилни со 5G.

Околу 450 милиони луѓе во Кина користеле 5G барем еднаш, што е повеќе од целата популација на ЕУ, според Министерството за индустрија и информатичка технологија. Во 2025 година, речиси сите градови и села во земјата ќе бидат поврзани на 5G мрежата, соопшти Министерството.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

Во Кина повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми

Најмалку 16 загинати во пожар во трговски центар во Кина

(ВИДЕО) Шестмина загинати во пожар во трговски центар во Кина

Горан Наумовски

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина: Самитот на НАТО е полн со воинствена реторика, провокации и лаги