Велика Британија добива нов премиер

Од:

Во Велика Британија денеска ќе биде објавен резултатот од гласањето на членовите на Конзервативната партија за нов партиски лидер. Исто така ќе биде познато дали поранешната министерка за надворешни работи Лиз Трас или поранешниот министер за финансии Риши Сунак ќе го замени Борис Џонсон на премиерската функција.

По три месеци кампања околу 200.000 членови на Конзервативната партија по пошта гласаа за наследник на Џонсон, кој на 7 јули беше принуден да поднесе оставка по неколку месечните скандали.

Според анкетите фаворит за лидерското место во партијата и за премиерската функција е Трас.

Во 12 часот и 30 минути по локално време денеска ќе бидат објавени резултатите од гласањето за нов лидер на Конзервативната партија.

Британската кралица Елизабета Втора утре во замокот Балморал во Шкотска ќе го прими и ќе го именува новиот лидер на ториевците за премиер на Велика Британија.

Претходно Џонсон ќе се обрати од „Даунинг стрит 10“, а потоа ќе отпатува за Шкотска да ја поднесе оставката до кралицата. Потоа новиот лидер на Конзервативна партија ќе се сретне со кралицата, која ќе побара да состави нова влада. Новиот лидер на ториевците ќе се врати во Лондон и ќе се обрати од „Даунинг стрит 10“ и ќе ги објави имињата на министрите во новата британска влада.

Првата седница на новата британската влада ќе се одржи на 7 септември.

За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора сменети се 14 премиери.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Поранешна британска премиерка додека била на функција потрошила илјадници фунти на кетеринг

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“