Вчерашното насилство не е првото во историјата на американскиот Конгрес

Од:

Поддржувачите на Доналд Трамп вчера упаднаа во Капитолот во Вашингтон за време на широкото заседание на двата дома на Конгресот на САД за потврда на резултатите од претседателските избори одржани во ноември. Во хаосот и нередите загинаа четири лица.

Ова не беше првото насилство забележано во американскиот законодавен дом. И во минатото, разни политички сили се обидувале да го нападнат или заземат Конгресот на САД.

На 24 август 1814 година за време на британско-американската војна, Вашингтон бил окупиран од британската војска под команда на генерал-мајор Роберт Рос. Англичаните тогаш го запалиле зданието на Сенатот и Претставничкиот дом, недоизградената Бела куќа и повеќе други државни објекти. Запалена била и библиотеката на Конгресот. Според историчарите, тоа е единствен случај кога Капитол бил целосно заземен и разрушен.

Четворица членови на Националистичката партија на Порторико кои се бореле за независност на оваа карипска земја од контролата на САД, на 1 март 1954 година упаднале во Конгресот и отвориле оган од автоматско оружје. Во нападот биле ранети петмина конгресмени.

Во знак на протест против војната во Виетнам и бомбардирањето на Лаос, активисти од радикалната организација „Weather Underground“ активирале бомба на првиот кат на Капитол. Немало настрадани, експлозијата причинила само материјална штета, а разурнат бил делот од зградата каде се наоѓал Сенатот.

На 24 јули 1998 година, Расел Јуџин Вестон Помладиот, вооружен со пиштол, влетал во зградата на Конгресот и отворил оган, при што загинале двајца полицајци. Според напаѓачот, основен мотив за стореното било неговото незадоволство од работата на сојузната влада.

Лари Досон, 66 – годишен жител од Тенеси, на 29 март 2016 година се обидел да отвори оган кај влезот на Капитол Хил наменет за посетители на Конгресот. Како резултат на ова, бил ранет само напаѓачот и една жена случаен минувач. Инцидентот е заведен како „злосторничко дело на демонстрант-поединец“.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени