Ватикан: Користењето вакцини е морално прифатливо сè додека не постои друга алтернатива

Од:

Ватикан денеска им порача на римокатоличките верници дека е морално прифатливо да се користат вакцини против Ковид-19, дури и ако во нивното истражување и производство се користени клеточни линии извлечени од ткивата на абортирани фетуси.

Ова се вели во белешка од Конгрегацијата за доктрина на верата, одобрена од папата Франциск, со која се дава зелено светло за време на пандемијата да се употребат вакцини произведени со клеточни линии добиени од два фетуси абортирани во 1960-те години.

Поради состојбата со пандемијата што е во тек, „сите вакцини признаени како клинички безбедни и ефикасни можат да се користат со добра совест со одредено знаење дека употребата на ваквите вакцини не претставува формална соработка со абортусот од кој потекнуваат клетките искористени во производството на вакцините, се вели во белешката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска