Ватикан го поздрави гласањето во ОН за Палестина и побара гаранции за Ерусалим

Од:

Ватикан ја поздрави одлуката на Генералното собрание на ОН, со кое Палестина доби статус на држава набљудувач нечленка во меѓународната организација, и повика за меѓународно гарантиран специјален статус за Ерусалим.

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство синоќа ја одобри резолуцијата за унапредување на статусот на Палестина во земја набљудувал нечленка, што е ист статус како и тој на Ватикан.

Светaта столица престол ја поздравува со радост одлуката на ГС на ОН, истовремено потсетувајќи на заедничкиот став за Ерусалим, изразен од Ватикан и Орагнизацијата за ослободување на Палестина, кога двете страни потпишаа базичен договор за билатерални односи во 2000 година, се наведува во соопштението на Ватикан.

Во него се повикува на меѓународно гарантиран специјален статус за Ерусалим, наменет да обезбеди гаранција на слобода на религијата, идентитетот и светиот карактер на Ерусалим како Свет град и слободен пристап до светите места во него.

Би можело да ве интересира

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ