Вашингтон и Москва ќе продолжат да разменуваат информации за хемиското оружје во Сирија

Од:

САД и Русија ќе продолжат да разменуваат информации за хемиското оружје во Сирија, изјави портпаролот на Стејт департментот Викторија Њуланд.

– САД со повеќе држави разменуваат информации и ги следат складиштата за оружје во Сирија. Тоа прашање го разгледавме и со Русија и со други земји и ќе продолжиме тоа да го правиме и во иднина, рече Њуланд.

Претходно активисти од Сириската опсерваторија за човековите права изјавија дека во Хомс бил употребен непознат отровен гас против опозициските сили.

Белата куќа соопшти дека не располага со докази дека во сирискиот град било употребено хемиско оружје.

Обединетите нации исто така соопштија дека немаат такви информации.

– ОН не располагат со информации дека Сирија употребила хемиско оружје, изјави Едуардо Дел Буеј, заменик на официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Списанието „Форин полиси“, повикувајќи се на информации на дипломати објави дека постои можност сириските власти да употребуваат хемиско оружје против цивили.

Судирите меѓу владините сили и опозицијата во Сирија траат од март 2011 година, при што досега во нив животот го загубиле околу 60 илјади лица.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски