Варшавска декларација: Анексијата на Крим претставува кршење на правниот поредок

Од:

Европските лидери и претседателот на САД, Барак Обама усвоија денеска во Варшава декларација во која се истакнува дека анексијата на Крим претставува кршење на основите на политичкиот и правен поредок во Европа.

– Уверени сме дека анексијата на Крим претставува кршење на политичкиот и правен поредок во Европа и тоа го уништува функционирањето на целиот меѓународен систем, се вели во декларацијата која е прочитана на почетокот на прославата на 25-годишнината од падот на комунизмот во Полска.

Лидерите во деклараицјата порачуваат дека мирот и безбедноста може да се постигнат со добрососедски односи на народите и државите врз принципите на меѓународното право, особено со почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката незавиност на државите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он