ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Од:

По напад со беспилотни летала, избувнал пожар во складиште за нафта во Феодосија, Крим, пренесува рускиот канал Астра.

Веста за пожарот ја потврди и Олег Криучов, помошник на шефот на Крим поставен од Русите.

„Пожар во складиште за нафта во Феодосија. Руското Министерство за вонредни ситуации работи. Нема повредени и загинати. Заменик премиерот Игор Михајленко отпатува во Феодосија“, објави тој.

Локалните жители јавуваат дека пред да избие пожарот се слушнале експлозии. Патем, нафтениот терминал во Феодосија е најголемиот на Крим во однос на капацитетот за претовар на нафтени производи. Има само два такви терминали на полуостровот, вториот е во Севастопол.

Терминалот во Феодосија веќе беше нападнат од четири дронови во март оваа година. Тогаш беше оштетен главниот цевковод и избувна и пожар. Работниците се евакуирани. Телеграм каналот Кримски ветар пишува дека во текот на ноќта на окупираниот Крим биле нападнати и аеродромите Белбек и Саки.

Би можело да ве интересира

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ

Трамп се огради од соработникот кој рече дека Крим ќе остане руски

Имаме вести за Зеленски – Крим го нема, порача советник на Трамп

Русија осуди двајца војници кои убија девет члена од едно семејство во Украина