Валид Муалем: Во борбата против ИД треба да биде и Дамаск

Од:

Сирија поддржува напори за спротиставување на терористичката група Исламска држава само ако се координирани со Дамаск, изјави сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем.

– Во спротивно, акциите ќе се сметаат за нарушување на суверенитетот на Сирија, додаде министерот кој е во посета на Техеран.

На прашање за поддршката на американските ВВС за одреди на умерената опозиција во Сирија, Муалем одговори дека Дамаск нема умерена и неумерена опозиција.

– Сите што војуваат со оружје во рака против државата се терористи, нагласи тој.

– САД го известија Дамаск за испраќање таква група и наведоа дека целта е борба против ИД, а не против сириската армија, потенцира Муалем.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски