Вакцините ги празнат болниците, покажаа две одвоени студии

Од:

Две одделни британски студии покажаа дека вакцинацијата придонесува за драстично намалување на бројот на хоспитализирани поради Ковид-19.

Прелиминарните резултати од студија во Шкотска покажуваат дека вакцината на Фајзер ја намалува хоспитализацијата за 85 проценти четири недели по првата доза, додека вакцината на АстраЗенека го намалува приемот во болница поради Ковид-19 за 94 проценти.

Во Англија, прелиминарните податоци од студија направена врз здравствени работници покажаа дека една доза на Фајзер вакцината ја намалува можноста за добивање коронавирус за 70 проценти, а втората за 85 проценти.

– Овој нов доказ покажува дека вакцината ве штити вас и луѓето околу вас. Важно е да се види колкава заштита обезбедува вакцината за пренесување и ние ќе продолжиме да објавуваме студии на оваа тема, рече министерот за здравство Мет Хенкок.

Би можело да ве интересира

Бугарија ѝ се налути на АстраЗенека: Им ја одземате надежта на луѓето

Жарко Настоски

Европскиот регулатор ЕМА проверува јужнокорејски лек против Ковид-19, базиран на антитела

Жарко Настоски

Израел: Сите државни органи ќе ги знаат имињата на луѓето кои не се вакцинирале

Жарко Настоски

Новата американска власт ќе подели 25 милиони маски

Жарко Настоски

Коронавирусот преживува на ткаенини до три дена, покажа нова студија

Жарко Настоски

Новороденче со Ковид-19 приклучено на апарати во Грција, пак се полнат атинските болници

Жарко Настоски