Вакцините против Ковид-19 врз база на мРНК технологија како што се на „Фајзер“ и „Модерна“ се чини дека се ефикасни против индискиот вид коронавирус, соопшти Европската агенција за лекови (EMA).
Податоците презентирани од европскиот регулатор за ефикасноста на вакцините мРНК против видот Б. 1.617 се „охрабрувачки“, изјави Марко Кавалери, претседател на работната група на ЕМА, одговорен за стратегијата за вакцинација.
Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази.
Кавалери на прес-конференција рече дека е оптимист во врска со ефективноста на вакцините засновани на аденовирус, како „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ на индискиот вид.
Се чекаат дополнителни податоци од Индија, каде што се користи вакцината на „Астра зенека“, рече тој и додаде дека „до денес сме убедени дека вакцината ќе биде ефикасна против тој вид“.
Во Европоската унија се одобрени четири вакцини – „Фајзер“и „Модерна“ кои користат технологија мРНК и „Астра зенека„ и „Џонсон и Џонсон“, вирусни векторски вакцини.
Видот Б. 1.617 е откриен во 44 земји, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), кои го ставаат тој вид на списокот на „загрижувачки“.
Со тоа индиската мутација им се придружи на трите „злогласни“ што се појавија во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка и кои се сметаат за поопасни од оригиналната верзија на коронавирусот затоа што се позаразни, посмртоносни или поотпорни на одредени вакцини.