Вакцината на Фајзер е халал, тврди првиот човек на Британското исламско медицинско здружение

Од:

Салман Вакар од Британското исламско медицинско здружение (БИМА) изјави дека во вакцината против коронавирусот на компанијата „Фајзер“ нема состојки кои не се халал, oдносно дозволени за конзумирање според исламските прописи.

БИМА на почетокот на овој месец наведе дека вакцината не содржи никакви компоненти од животинско потекло.

„Нема содржина од животинско потекло, односно нема желатин и ниту еден производ не се добива од фетусните клеточни линии, додека преостанатите помошни супстанции не се загрижувачки“, соопшти британското здружение.

Владата на Велика Британија потврди дека вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус не содржи никакви компоненти од животинско потекло.

Агенцијата за лекови и здравствени производи го стори истото.

„Вакцината не содржи животински компоненти“, потврди компанијата „Фајзер“.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД