В понеделник продолжуваат разговорите меѓу Џонсон и лидерите од ЕУ

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и европските лидери ќе одржат разговори на 15 јуни преку видео-конференција за идните односи меѓу Европската унија и Велика Британија.

Од европска страна, во разговорот ќе учествуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли.

Разговорите за договор за сеопфатни идни односи меѓу Велика Британија и ЕУ од февруари постигнаа мал напредок, пренесува Би Би Си. Останува уште малку време за договор, бидејќи периодот на транзиција по излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 31 јануари истекува на крајот на годината.

Лондон потврди дека е договорено засилување на преговорите со ЕУ во јули.

„Новиот процес ќе вклучува комбинација на формални преговарачки рунди и состаноци на помали групи во Лондон и Брисел, под претпоставка дека насоките за јавно здравје тоа ќе го дозволат“, соопшти британската влада.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски