Узбекистан ја предупредил Шведска за терористот Рахим Акилов

Од:

Узбекистанските власти соопштија дека терористот Рахим Акилов, кој во напад во Стокхолм усмрти четири, а повреди други 15 лица, бил поврзан со џихадистите на Исламска држава (ИД) и дека западните партнери биле предупредени за него пред да го изврши терористичкиот напад.

Министерот за надворешни работи на Узбекистан, Абдулазис Камилов изјави дека податоците од истражните работи за Акилов и биле „пренесени на Шведска, преку една друга западна земја“ .

Узбекистанскиот министер не открива за која западна земја станува збор, но соопштил дека Акилов бил регрутиран во ИД , откако во 2014 година, заминал од Узбекистан за да живее во Шведска.

Властите во Стокхолм засега не ја коментираат изјавата на шефот на узбекистанскиот на дипломатијата.

Претходно шведските безбедносни власти признаа дека имале информации за неговите „симпатии кон ИД“, но не гледале на него како на закана.

Изминатите денови, еден узбекистански разузнавачки извори откри дека Акилов бил задржан на турско-сириската граница, во 2015 година, но бил депортиран, назад, во Шведска.

Акилов (39) на 7 април украде камион за превоз на пиво и возејќи со голема брзина, намерно се втурна кон пешаците во прометната, трговска улица во центарот на Стокхолм.

Во Шведска работел како градежен работник, но тамошните власти го одбиле неговото барање за азил.

Полицијата има податоци според кои Акилов повеќепати бил апсен за тепачки и напади во предградијата на шведскиот главен град.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност