Уставен суд во Јужна Кореја напреди распуштање политичка партија

Од:

Уставен суд во Јужна Кореја одлучи да биде распуштена крајно-левичарска опозициска партија.  Тоа е прва забрана во историјата на државата за политичка партија од прифаќањето на Уставот на Република Кореја во 1948 година.

Со мнозинство гласови – 8 спрема еден, Уставниот суд одобри петиција на Владата со барање да биде забрането постоењето на Обединетата прогресивна партија која има пет од 300 пратенички места во Националното собрание.

Пред два месеца беа уапсени неколкумина членови на партијата бидејќи подготвувале бунт за соборување на јужнокорејската влада доколку избувне војна на Корејскиот полуостров. Партијата беше основана во крајот на 2011 година. Петтемина пратеници ќе бидат отстранети од парламентот, согласно одлуката на Судот.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски