Уште една голема пратка хероин запленета во Мјанмар

Од:

Полицијата во Мјанмар во соработка со Интерпол, минатата ноќ пресретнала група трговци со дрога и по кратка престрелка ги совладала криумчарите кои пренесувале 155 килограми чист хероин.

Заедно со оваа дрога, полицајците заплениле околу пет милиони таблети за стимулација и 60 килограми концентриран стимуланс кафеин.

Ова е втора голема акција на полицијата во Мјанмар во последниве две недели. Во првата беа запленети 80 килограми хероин, околу 50 килограми кокаин и три милиони таблети амфетамин.

Мјанмар пдгледува афион на 57.800 хектари и е на второ место во светот по Авганистан во кој афионот се одгледува на два пати поголема површина. Пред две години властите во Јангун донесоа програма според која до 2019 година од Мјанмар треба да исчезне нелегалното одгледување афион.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар