Уште еден новинар на Би Би Си обвинет за педофилија

Од:

Еден од најпознатите водители на Би Би Си, Стјуард Хол, е обвинет за непристојно однесување кон три деца, пренесоа светските агенции.

Осумдесет и двегодишниот Хол, познат по своите шеговити коментари на британските фудбалски натпревари на „Радио Пет“ на Би Би Си, беше уапсен во својот дом во Вилмслоу, во близина на Манчестер. Потоа беше пуштен на слобода со кауција.

Би Би Си веднаш го отпушти од работа.

Криминалот за кој новинарот е обвинуван датира од 70-те и 80-те години на минатиот век и е извршен кон девојче и две момчиња на возраст меѓу девет и 16 години.

Ова е последен удар врз Би Би Си, растресена од скандалот со прикривање на педофилските афинитети на својата ѕвезда Џими Савил, и со неточните обвиненија за педофилија против британски политичар.

Засега не е познато дали обвиненијата против Хол се поврзани со аферата Савил, посочуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски