Уште еден брод ангажиран да трага по остатоците на малезискиот авион

Од:

Претставник на малезиската влада денеска потврди дека, во име на Малезија, австралиското Биро за сигурност на транспортот ангажирало уште еден брод кој ќе се обиде да лоцира траги од исчезнатиот Боинг 777, за кој една од најверојатните претпоставки е дека потонал во Индискиот Океан. Овој брод, слично на веќе ангажираниот кинески истражувач на морските длабочини, првите извештаи треба да ги достават најкасно до крајот на идниот месец. За 50 дена бродовите треба да испитаат дали авионот се наоѓа во подрачје од околу 60.000 квадратни километри.

Властите во Куала Лумпур соопштија дека до сега, за финансирање на потрагата по исчезнатиот авион издвоиле над 9 милиони долари. За да се откие мистеријата со исчезнувањето на авионот кој на 8 март полета од Куала Лумпур кон Пекинг, ангажирани се бродови, авиони и подморници од повеќе држави, но до сега нема никаква трага, ниту индикација за тоа што, всушност, се случило со авионот во кој летаа 239 патници и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски