Универзитетот во Велико Трново му го одзеде почесниот докторат на Путин

Од:

Академскиот совет на Универзитетот во Велико Трново му ја одзеде почесната докторска титула на рускиот претседател Владимир Путин, што му беше доделена пред 13 години.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Академскиот совет на Бугарскиот универзитет едногласно ја укина одлуката на колегите од 26 јануари 2009 година, со која на тогашниот премиер на Русија, Путин му беше доделена титулата Почесен доктор на Универзитетот во Велико Трново за неговиот придонес за мирен развој на современиот свет.

Ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, соопшти дека назначил комисија за испитување на фактите и е утврдено дека одлуката пред 13 години е незаконска. Тој додаде дека денешната одлука на Академскиот совет не е политичка.

Одлуката на Академскиот совет е донесена со кршење на статутот. Потоа почесната титула беше доделена на предлог на Бугарско-рускиот правен комитет, кој нема академски акредитиви. Ректор во 2009 година беше Пламен Легкоступ. Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, тој пред еден месец инсистираше на одземање на почесната титула на Путин пред организацијата на Движењето на зелените во Велико Трново.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина