УНИЦЕФ: Вооружените групи во ЦАР ќе ослободат илјадници деца

Од:

Лидерите на вооружените групи во Централната Африканска Република денеска се согласија да ги ослободат сите деца и итно да ги прекинат процесите за врбување на нови деца војници, соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во Софија.

Според податоци на УНИЦЕФ од 6.000 до 10.000 деца се вмешани во вооружени конфликти во ЦАР. Децата се користат како борци, но и сексуално се експлоатирани. Некои од децата се принудуваат на тешка физичка работа.

– Тое е огромен чекор напред во заштита на сите тие деца. ЦАР е едно од најужасните места во светот за децата. УНИЦЕФ има огромна желба да работи со властите, за децата да бидат со нивните семејства, истакна Мохамед Малик, претставник на УНИЦЕФ за ЦАР.

Договорот за ослободување на децата е постигнато со посредништво на УНИЦЕФ. Преговорите се воделе еден месец во главниот град на ЦАР, Банги.

Лидерите на вооружените групи се согласија да и обезбедат на УНИЦЕФ пристап до зоните кои се под нивна контрола.

Со посредништво на УНИЦЕФ во 2014 година ослободени се 2.800 деца, од кои 646 девојчиња од вооружените групи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска