Вооружените групи во Централноафриканската Република се согласија да ги ослободат сите деца војници и други деца кои ги користеле како готвачи, курири или сексуални робови, и да прекинат со регрутирање малолетници, соопшти УНИЦЕФ.
Тој договор се однесува на околу 6.000 до 10.000 деца и осум главни екстремистички групи.
Договорот е потпишан на еднонеделниот форум за национално помирување чија цел беше прекин на верските судири во кои беа убиени илјадници деца, а повеќе од милион луѓе протерани од своите домови.
ЦАР сега е поделена на југ кој е под контрола на Владата и каде претежно живеат христијани и север кој е под контрола на бунтовници и каде живеат муслимани.
Потписниците ќе се договорат за временски распоред за ослободување на децата и нивни враќање во семејствата.