УНИЦЕФ: Милиони деца во Сирија загрозени од конфликтот

Од:

На цела генерација сириски деца им се заканува ризик да бидат загубени заради граѓанската војна, предупреди денеска УНИЦЕФ додавајќи дека постои итна потреба за средства за решавање на кризата во таа држава.

– Милиони деца во Сирија и ширум регионот гледаат како нивното минати и иднина исчезнуваат во урнатини и уништувања заради тој долготраен судир, тврди директорот на УНИЦЕФ Ентони Лејк во извештај објавен две години по почетокот на судирите во Сирија.

УНИЦЕФ истакнува дека речиси половина од четири милиони деца во Сирија на кои им е потребна помош се малолетни, а 536 илјади се помлади од пет години. Околу 800 илјади деца помлади од 14 години интерно се раселени заради судирите додека повеќе од половина милион побегнале во соседни држави.

– Кризата достигнува точка без враќање со долгорочни последици по Сирија и регионот во целина, вклучувајќи ризик од изгубена генерација на сириски деца, наведува УНИЦЕФ во извештајот.

Таа агенција на ОН истакнува дека нема доволно средства да им помогне на сите деца на кои им е потребна помош, предупредувајќи дека на крајот од март „ќе мора да се откажат неколку испораки на помош од кои зависат животи на деца ако не се добијат поголеми средства“.

УНИЦЕФ наведува дека досега добиле само 20 отсто од вкупно 195 милиони долари кои беа побарани за помош на децата и жени погодени со кризта во Сирија и соседни држави до крајот на јуни.

Деца има и меѓу 70 илјади луѓе кои според проценки на ОН загинале во Сирија во изминатите две години, наведува УНИЦЕФ. Секое петто училиште во Сирија е уништено, се додава во извештајот.

-Секаде околу тие деца исчезнуваат нивните соништа и можноста за изградба на иднина, велат од раководството на Агенцијата на ОН.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски