УНХЦР: Сирија ја напуштиле повеќе од 700.000 лица

Од:

Во државите-соседи на Сирија се регистрирани или се во процес на регистрација околу 705.000 сириски бегалци, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

– Бегалци постојано пристигнуваат преку сите граници. Работиме во две смени за да можеме да ги регистрираме сите луѓе, изјави портпаролката на УНХЦР, Сибила Вилкс.

Според најновите податоци на УНХЦР, во Јордан досега се регистрирани 167.444 сириски бегалци, а уште 51.729 чекаат на регистрација. Најголемиот дел од овие лица потекнуваат од реонот на Дера.

Во Либан се сместени 157.139 бегалци, а речиси 69.000 чекаат да бидат регистрирани. Во Турција има 163.161 бегалци сместени во 15 прифатни центри, а во Ирак 77.415.

Во Египет се стационирани 14,312 бегалци, а во останатите земји од Северна Африка има уште 5.417 лица кои побегнале од Сирија.

– Се обидуваме да го решиме проблемот со приливот на огромниот број луѓе имајќи предвид дека бројот на бегалците што дојдоа во Јордан и Либан се зголеми драстично, нагласи Вилкс.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град