УНХЦР и ИОМ го повикаа Трамп да продолжи со помошта за бегалците

Од:

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) ја повикаа денеска администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со пружање азил за бегалците, кои бегаат од војни и други опасностни, наведувајќи дека американската програма за прифаќање на бегалците е од клучно значење за ова прашање.

Трамп претходно потпиша указ со кој им се забранува во рок од три месеци влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. Исклучок ќе биде направен за оние граѓани, кои поседуваат дипломатски визи, за официјалите претставници на тие земји и за вработени во меѓународни организации.

Вашингтон ќе ја замрзне на четири месеци и федералната програма за прием на бегалци од земји, во кои се водат војни, а за Сирија на неодредено време, со цел да се спречат радикалните исламистички терористи да влезат во САД.

– Потребите на бегалците и мигрантите ширум светот никогаш не биле поголеми, поради што американската програма за прием на бегалци е една од најважните на светот, се наведува во соопштението на двете организации.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена