Унгарските банки ќе мораат да им вратат три милијарди евра на клиентите

Од:

Унгарскиот Парламент усвои закон со кој банките во Унгарија се принудени на клиентите кои земале кредити во швајцарски франци, да им ги вратат сите неоправедно пресметани камати и провизии во изминатите години.

– Законот го разјасни начинот на кој должниците ќе бидат обесштетени, без разлика дали станува збор за девизни разлики или за зголемување на каматните стапки, изјави шефот на партеничката група на владејачката партија Фидес, Антал Роган.

Просечен должник во швајцарски франци на тој начин би можел да добие отштета од меѓу 600.000 и милион форинти (од 1.932 евра до 3.220 евра), и тоа до крајот на оваа година.

Вицегувернерот на Унгарската централна банка, Адам Балог проценува дека вкупниот трошок за сите банки во Унгарија ќе изнесува меѓу две и три милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон