Унгарскиот парламент одобри подигање ѕид на границата со Србија

Од:

Унгарскиот парламент денеска усвои закон со кој се заоструваат правилата за азил и се дава правна основа за подигнување ограда долж границата со Србија, за да се спречи прилив на илегални мигранти.

Со законот се скратува периодот за проверка на азилантите, а на Будимпешта и се дава можност да отфрла барања на азиланти од Сирија, Авганистан или Ирак кои претходно минале низ некоја безбедна држава.

ОН и Советот на Европа претходно го критикуваа предложениот закон, со оцена дека со него се ослабува заштитата на бегалците во Унгарија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во минатата недела рече дека границите на Унгарија мора да бидат заштитени со сите средства од бранот мигранти кои стигнуваат преку Балканот. Од почетокот на годината во Унгарија илегално влегле околу 70.000 луѓе воглавно преку границата со Србија.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо