Унгарскиот парламент ги усвои уставните промени барани од ЕУ

Од:

Унгарскиот парламент ги усвои амандманите со кои се отстрануваат ограничувањата поврзани со рекламирањето на политичките партии во медиумите и се враќа на решенијата што не противречат на ставовите на Европската унија.

Владата на премиерот Виктор Орбан се најде на удар од ЕУ, САД и организациите за заштита на човековите права дека со новите уставни решенија се ограничува моќта на врховниот унгарски суд и се слабее демократијата во земјата.

Пратениците доцна синоќа ги усвоија амандманите предложени од владата, откако ЕК се закани со преземање законски чекори за уставните решенија што не се во согласност со европските вредности.

Орбан (50) и владејачка партија Фидес претходно ги отфрлија критиките дека предложените уставни решенија се недемократски, но вети целосна соработка со Брисел за надминување на причините за незадоволството на ЕУ.

Унгарија идната година спроведува парламентарни избори и избори за европскиот парламент.

Според најновите резултати од испитувањето на јавното мислење владејачката Фидес партија има голема предност пред опозициските социјалисти, но и речиси половина од гласачите се уште се неопределени.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон