Унгарската Влада доби право да ја користи армијата за совладување на кризата со имигрантите

Од:

Унгарскиот Парламент усвои закон, кој дозволува на Владата да испраќа војска да помага на полицијата за совладување на кризата со имигрантите.

Одобрениот предлог-закон и дава право на војската да врши задачи како утврдување идентитет, апсење на осомничени и контролирање на сообраќајот по границите.

И покрај тоа што војниците ќе бидат вооружени, унгарските власти ветија дека сила ќе биде применета само во краен случај.

Законот утврдува дека армијата може да употребува гумени куршуми, пиротехнички средства и солзавец.

Предлог-законот, поднесен од Владата на Виктор Орбан, кој ја бараше поддршката на две третини од Парламентот, беше усвоен со 151 гласови „за“, 12 „против“ и 27 воздржани.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон