(ВИДЕО) Унгарската снимателка се правда: Мислев дека мигрантите ме напаѓаат

Од:

Унгарската снимателка која удираше и им поставуваше сопки на мигрантите се извини за своите постапки. Таа се правда дека нешто во неа се случило во тој момент и дека не може да верува дека така постапила.

Во писмото објавенo во десничарскиот весник “Magyar Nemzet”, Петра Ласло кажа дека била во состојба на шок по инцидентот во вторникот и ги негираше обвинувањата за расизам, објави Al Jazeera.

-Камерата снимаше, стотина мигранти го пробија полицискиот кордон. Еден од нив се затрча кон мене и се уплашив. Тогаш нешто се случи во мене..мислев дека сум нападната и дека морам да се заштитам. Тешко е да се донесат добри одлуки во момент кога сте во паника, реча таа.

Ласло кажа дека е подготвена да ја преземе одговорноста за своето однесување.

-Јас не сум бесчувствителна, расист, снимател кој удира деца. Не заслужувам политички прогон, дамки, ниту закани по живот. Јас сум само невработена мајка на малолетни деца, која донесе лоша одлука. Навистина ми е жал, рече таа.

Унгарското обвинителство во четвртокот покрена кривична истрага против неа, откако доби пријава дека жена вработена во телевизијата Н1 физички нападнала неколку мигранти, меѓу кои имало и малолетни деца.

Телевизијата Н1 веднаш и даде отказ и одлуката ја прогласи за конечна.

Би можело да ве интересира

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот